Чупеска вели дека постапките на ДУИ се како копирани од ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Телма

„Практиките кои ги применува ДУИ во периодот како да ги копираат од ВМРО-ДПМНЕ, ако се сеќавате за време на Преспанскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ секој ден кажуваа дека македонскиот јазик и идентитет е загрозен. Се чини дека ДУИ и ДПМНЕ како да читаат од исти книги. Идентична реторика и платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик и идентитет е ставен на удар, а тоа не е вистина. Затоа што законот принципиелно е формиран на темелно на амандманот V кој произлегува од Рамковниот договор. Има една многу специфична особина на овој закон за којшто вреди е да се пофалиме. Имено, дека не го територијализира употребувањето на јазикот, со тоа не прави јазични енклави, со тоа не прави ни етнофедерализации. Доста е од истите методи и практики кои го клатат клатното на меѓуетничкиот раздор помеѓу овие две партии“ рече потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во „Топ Тема“ на „Телма“.

„Штом законот е пратен до Венецијанската комисија, тој е пратен за да се добие некој совет. Албанскиот јазик не треба да се употребува како алатка против чувствата на Албанците, ниту македонскиот јазик да се употребува како алатка против чувствата на Македонците“ рече Чупеска.

Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во емисијата рече дека ДУИ лажно се повикува на Рамковниот договор и зборува дека ќе се одземаат права, „за да го одвлече вниманието од корупциските скандали и обрачот кој се стега меѓу високите функционери на ДУИ“.

„Oна што ќе биде одлука на Уставниот суд ќе биде и конечна одлука на ВМРО-ДПНЕ и апсолутно ќе ја почитува. Треба како политички субјекти треба да се научиме дека одлуките на Уставниот суд треба да се почитуваат во едно демократско општество. Она што треба да се истакне дека употребата на албанскиот јазик е гарантирана со Уставот. ДУИ лажно се повикува цело време за Рамковен договор кој бил ставен на удар е симптоматично кога доаѓа од ДУИ, бидејќи имавме милион изјави кога беа на власт изјавуваа дека Рамковниот договор е преточен во уставот на Република Македонија. За што јас исто така се слагам дека е така, и со тоа наместо да се повикуваат на договор треба да се повикуваат на Уставот“ рече Петрушевски.

„Сета оваа фарса којашто се прави од ДУИ не е за да се заштитат некакви права на Албанците, затоа што не се ни чепнати правата, ова е само да се одвлече вниманието од корупциските скандали и обрачот кој се стега меѓу високите функционери на ДУИ. Ниту ги интересираат права на Албанците, ниту она што го говореа дека ќе има протести не се случија. Знаете зошто? Затоа што не им дојдоа луѓе, затоа што народот ги прочита и не ги поддржи. Ниту тоа пред Уставниот суд со шаторот не им успеа затоа што немаат народ. Еден од уставните судии кои го бојкотира овој процес тоа е уставниот судија Осман Кадрију, само пред еден ден или два изјави на еден медиум дека во март ќе се одржи подготвителната седница, а дотогаш треба да се искорсти времето за подобрување на пропустите на законот“ додаде тој .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот