Чулев: Во неопходни ситуации личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

лични карти
Лични карти / Фото: МИА

За патните исправи не постои техничка можност бидејќи мора да се земе повторно отпечаток од прст, рече Чулев, одговарајќи на новинарска прашања на прес-конференција.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на домашна адреса на граѓаните.

Ваквата можност нема да важи за пасошите бидејќи за нив при подигањето на документот е потребно е да се остави отпечаток од прст.

– В понеделник ќе го смениме правилникот при што во оние ситуации кога тоа е неопходно ќе се остави можност личните документи, односно личните карти и возачките дозволи, да може да се доставуваат од страна на полициски службеници на домашните адреси. За патните исправи не постои техничка можност бидејќи мора да се земе повторно отпечаток од прст, рече Чулев, одговарајќи на новинарска прашања на прес-конференција.

Додаде дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст.

Чулев информира и дека на ниво на Влада се разговара и за можноста во следниот период да им се дозволи на сопствениците на миленици кои живеат во колективните станбени објекти да ги изнесуваат милениците на одредено растојание од објектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот