Чулев: Во наредниот период ќе објавуваме информации за одредени носители на јавни функции

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека во наредниот период Министерсвото ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.

– Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот период ќе објавуваме информации и за одредени носители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела, рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека МВР изминатиот период било целосно ангажирано и во откривање кривични дела и во борба против организиран криминал и корупција, а имале и сериозни предизвици кои во наредниот период, како што вели, ќе се мултиплицираат, а тоа е спречување на илегалната миграција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот