Чулев: Униформираната полиција го даде својот придонес во намалување на последиците од пандемијата

Воедно, министерот Чулев се заблагодари и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба.  

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Граничниот премин „Богородица“, Полициската станица Гевгелија и СВР Струмица.

На Граничниот премин „Богородица“, министерот имаше средба со раководството на граничниот премин, а ги посети и полициските службеници кои беа на своите работни места.

-Пандемијата од Корона вирусот значително го смени текот по кој функционираше општеството и нашите животи. Ги затвори границите и го ограничи нашето движење. Но, еден сегмент од човечкото живеење не смеевме да дозволиме да застане и успеавме во тоа, благодарејќи на ангажманот и посветеноста на полициските службеници. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес во намалување на последиците од пандемијата врз реалниот живот, истакна министерот Чулев при посетата на ГП „Богородица“.

Воедно, министерот Чулев се заблагодари и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба.

На средбата со раководството на СВР Струмица Министерот беше информиран за безбедносната состојба на територијата која ја покрива. Според официјалната статистика, СВР Струмица покажува добри резултати во откривањето на имотните деликти. Послаби резултати се забележани во економскиот криминал и поради тоа министерот Чулев побара засилување на активностите кои ги преземаат полициските службеници во справување со оваа проблематика.

Исто така, беше разговарано и за интензивирање на активностите на СВР Струмица во насока на спроведување на мерките и одлуките на Владата поврзани со спречување на ширењето на Ковид-19. Во таа насока, заедно со Секторот за превенција беа делени заштитни маски за граѓаните на Струмица.

Министерот Наќе Чулев уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се насочени кон спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот