Чулев тврди дека вработувањето во Агенција за разузнавање е по пропис

Наќе Чулев/Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека лицето А.С. има право да биде вработено во МВР, откако Либертас објави дека истото лице го барале од Интерпол и од Федералното биро за истраги на САД ФБИ.

Чулев за ,,Слободен печат” вели дека секое лице кое ги исполнува условите утврдени во законот има право да биде вработено или пак преземено за соодветно работно место во Министерството за внатрешни работи.

-Согласно информациите со кои јас располагам, а кои лесно може да се проверат против посоченото лице А.С нема било каква постапка или обвинителен акт која го прави неподобен или преставува правна пречка за извршување на неговите задачи во АР, а и во Министерството за внатрешни работи. Напротив истиот поседува безбедносен сертификат и има позитивен полиграфски тест- вели Чулев.

Дополнително, потенцира тој, против конкретното лице не се води ниту една постапка пред правосудните органи во нашата држава.

-Трансферот, односно преземањето на вработени од една во друга институција е еден од основите за пополнување на испразнетите места кој е утврден во законот. Агенцијата за разузнавање и Министерството за внатрешни работи се сродни институции, кои имаат тесна соработка во неколку области. Имајќи предвид сево ова не гледам ниту една правен основ кој бил законска пречка конкретното преземање да биде реализирано. Објавањето на конкретниот случај во негативна конотација го сметам за уште еден обид за мое лично дискредитирање, како и дискредитирање на професионалниот кадар од Агенцијата за разузнавање кој се почесто заминува од таму поради лошото работење на актуелниот менаџмент во оваа државна институција- вели Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот