Чулев: Спасовски да свика владина седница за да се реши проблемот со пасошите

Фото: МИА

Според министерот Чулев, пасошката криза е резултат на неинтегрално решавање на проблемот со личните документи.

Јас сум министер еден месец и сите овие ситуации ги наследив како резултат на непланско, несовесно и нестручно работење на Оливер Спасовски за што е извршена интерна истрага и произлезе кривична пријава, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање каде треба да се лоцира одговорноста во однос на проблемот со недостатокот на обрасци за пасоши.

Чулев го повика Спасовски да свика владина седница за да се реши проблемот со пасошите, а еден од неговите модуси за надминување е Владата, рече, да усвои методологија со која со печат и со испраќање нота до државите во светот ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи.

Според министерот Чулев, пасошката криза е резултат на неинтегрално решавање на проблемот со личните документи.

Потенцира дека во овој период мора да се распише меѓународен тендер за 10-годишно решавање на проблемот со издавање лични доклументи. Уште еднаш повтори дека на 24 март или порано треба да пристигнат 100 илјади обрасци за пасоши, а другата пратка се очекува да пристигне септември или октомври годинава.

– Најверојатно нема да бидат веднаш со новото уставно име на РС Македонија заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа и новите лични документи. Моментално работат работни групи од МВР и од компанијата „Веридос” затоа што и тоа не е направено, склучуваме нов рамковен договор за две години со истата фирма, порачуваме, а не се специфицирани изгледот и содржината на новите лични документи, појасни министерот Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот