Чулев со ромските невладини организации: Говорот на омраза кон ромската заедница системски да се реши

На иницијатива на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба на министерот Чулев со претставници на ромските невладини организации.  На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, а кои се во делокругот на Министерството за внатрешни работи.

Говорот на омраза кон ромската заедница како маргинализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство, се дел од проблемите за кои двете страна се согласија дека системски да се решаваат во периодот кој следи.

Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и овие невладини организации треба да се регулира со меморандум за заедничка соработка, чие формализирање треба што поскоро да се случи. Министерството за внатрешни работи останува посветено на дијалогот  и соработката со невладиниот сектор на чие интензивирање ќе работиме во следниот период, потенцираше министерот Чулев во рамки на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот