Чулев: Сите одлуки треба да се носат пред сè консензуално, во спротивно економско- здравствена криза, може да прерасне и во политичка

Вчера на владината седница гласав против Уредбата за ажурирање на Избирачкиот список, принципиелно гласав против Уредбата, бидејќи таа е дополнување на претходната, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за Сител Телевизија.

-При носење на првата Уредба исто така гласав против од неколку причини, имено се работи за Уредба која целосно го дерогира Изборниот законок. Значи се работи за многу важен изборен закон којшто целосно го регулира начинот на одржувањето на изборите и сметам дека Уредбата не е начин на којшто треба да се изврши дерогирање на изборачкото право, вклучително и начинот на одрганизирањето на изборите- вели Чулев.

Дополнително, рече Чулев, мандатот на претседателот на Собранието, Талат Џафери и понатаму трае и ќе трае сè до првата конститутивна седница на новиот Парламент, која што треба тој да ја свика.

-Сметам дека сите одлуки треба да се носат пред сè консензуално, доколку не се носат со политички консензус одлуките во овој период, оваа економско- здравствена криза, може да прерасне дури и во политичка криза, што во секој случај ќе значи влошување на претходните две кризи и ќе значи сериозно попречување на патот на нашата држава кон ЕУ- вели Чулев.

Интервју, Сител ТВ

Денес гостував во вестите на Сител ТВ. Разговаравме на актуелни теми поврзани со организација на изборите, постапувањето на полициските службеници, предизвикот за справување со Коронавирусот. ✔️Истакнав дека прашањата поврзани со организација на изборите потребно е да се решаваат консензуално, а тоа е барањето на Европската комисија. Во моментот се наоѓаме во економска и здравствена криза и потребно е сите капацитети на државата да се стават на располагање на оваа криза и во таа насока здравјето на граѓаните треба да биде приоритет пред сите други прашања. ✔️ Нагласив дека Министерството за внатрешни работи ги стави на располагање сите капацитети во справување со коронавирусот и спроведување на одлуките владата, а тоа и заштита на здравјето и животот на граѓаните. Во таа насока напоменав дека Министерството за внатрешни работи освен репресивна има и превентивна улога.

Publiée par Наќе Чулев sur Jeudi 11 juin 2020

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот