Чулев: Повикувањето на Мицкоски и мојот советник на разговор е показател за неселективна правда

Фото: МИА

Повикувањето на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објект, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна правда, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека МВР во координација со Јавното обвинителство ги повикало на разговор Мицкоски и неговиот советник, кои ја признале грешката заради незнаење.

Чулев, во таа насока потенцира дека во иднина ќе бидат повикани не само како во конкретниот случај Мицкоски и неговиот советник Љупчо Андоновски, туку сите што ќе го прекршат законот.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен,  министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот