Чулев: Полицијата е подготвена за спроведување мирни, фер, демократски избори

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска истакна дека полицијата е подготвена за спроведување мирни, фер, демократски избори. Тој посочи дека самиот процес на гласање ќе биде безбеден и ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за опцијата што сметаат дека треба да победи.

– Овие избори се специфични бидејќи се одвиваат во услови на пандемија, но и гласањето ќе трае три дена. Министерството ќе треба да го обезбедува гласачкиот материјал три дена, самото гласање ќе биде продолжено така што обврските на МВР и товарот врз службениците се значително поголеми. Во поглед на заштитна опрема се е обезбедено, материјално-технички средства имаме, но мора да се напомене дека со оглед што изборите се во летен период, тоа ќе биде значаен товар врз полициските службеници, но подготвени сме за изборите, рече Чулев.

Што се однесува на информациите објавени преку социјалните мрежи за појави на агитирање на полициски службеници за одредена политичка опција, Чулев рече дека во секоја средба со полицајците им се укажува дека таквото однесување е недозволиво, спротивно на кодексот на полициското работење, но и интерните акти на МВР.

Прочитајте и...  Атина испрати демарш до Анкара

– Имаме информации, случаи се регистрирани во Скопје и Куманово. Против тие полицички службеници се преземаат контретни мерки, бидејќи се работи за потешко кршење на прописите најверојатно ќе бидат донесени ригорозни казни, односно отказни решенија, рече министерот Чулев.

Истовремено тој укажа и на потребата од поголемо полициско присуство на одредени точки проценети дека се со висок ризик, како места на појави на недозволено политичко агитирање.

– Мапирани се критичните точки, проценети дека се со висок безбедносен ризик од аспект на можни изборни нерегуларности. Нагласена е потребата од насочување на активностите за спречување појави на изборен поткуп, уцени и манипулации со гласовите на избирачите. Тоа се претежно делови на населените места каде живеат социјално ранливи семејства, рече Чулев.

Прочитајте и...  Вкупно 22 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Секое подрачје на МВР врши анализа на ризик во однос на изборни нерегуларности, податоците се слеваат во посебно фомираниот Републички оперативен штаб за изборите.

– Во текот на наредната седмица планираме за сите критични точки да бидат информирани ОБСЕ и ОДИХР, како и дипломатско-конзуларните претставништва, со цел на тие избирачки места со висок ризик да има зголемено присуство меѓународни набљудувачи, рече Чулев.

Чулев, кој е во работна посета на подрчјата што се под ингеренција на СВР- Охрид, изрази задоволство што споредбено со минатата година во регионот е забележан значен пад на криминалитетот, но е зголемен и бројот на реализирани откриени кривични дела. Тука тој посочи откриени над 30 тешки кражби во вили на охридската ривиера, потоа поднесени кривични пријави против раководни лица вмешани во илегална експлоатација на дрво за огрев, како и поголемата запленета пратка од 167 килограми марихуана на Охридското Езеро.

Прочитајте и...  СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада

Според Чулев, на СВР- Охрид му недостасуваат материјално-технички средства, како велосипеди, мотори за придружба, пловни објекти, но и кадар, што ќе биде меѓу приоритетите на МВР за наредниот период.

– Наредниот период ќе мора да вработиме и повеќе полициски службеници, но од Охрид и Струга, а не лица од други градови кои после приправничниот стаж или неколку години служба се враќаат во своите родни места. Така сега имаме во Кичево преполнетост со кадар, а во Охрид каде е сензитивно подрачје имаме недостаток од полицајци. Тоа мора да се коригира во наредниот период, рече Чулев.

Министерот ја искористи можноста уште еднаш да апелира до граѓаните да бидат свесни за потребата од придржување кон протоколите за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, дека засилените контроли и репресивните мерки, како и изречените казни, не се доволни за справување со епидемијата.

Прочитај повеќе

Њујорк тајмс: На Американците со Ковид-19 може да им забранат влез во САД

Слободен печат

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Слободен печат

Франција повторно ги заострува мерките за борба против Ковид-19

МИА Агенција

На кои други места се чува супстанција што го разори пристаништето во Бејрут: Треба ли да се плашат овие земји?

Слободен печат

Албанија: Најмногу новозаразени, но и оздравени во едно деноноќие досега

Слободен печат

Костадинов: Во тек се разговори и консултации за парламентарно мнозинство и владина коалиција

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Велика Британија драстичен пад на бројот на вработени

Слободен печат

Одлуки од владина седница: Усвоен планот на МОН за настава, НАТО вежба на Криволак, испраќање војници на воени вежби во Германија и Романија

Слободен печат

Според извршниот директор на „Њујорк Тајмс” печатените медиумите ќе згаснат за 20 години

Слободен печат

Со владина одлука дозволена е 75% исполнетост на капацитетите на меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз

Слободен печат

Трамп: После пандемијата се влошија односите со кинескиот претседател

Слободен печат

Русија во преговори со СЗО за можна проверка на руската вакцина против ковид-19

Слободен печат