Чулев: Остануваат проблемите со пасошите (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митроски

Чулев вели дека во моментов пасоши ќе добиваат оние кои имаат закажано по итна постапка, како и на лица кои им е потребно за лекување во странство.

На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека проблемот во врска со патните исправи останува и понатаму.

– Проблемот со патните исправи останува и понатаму. Од доаѓањето на функцијата за еден месец снемува околу 50.000 исправи, вели Чулев.

Тој додаде дека заедно со Владата, компанијата Веридос, како и германските партнери биле понудени соодветни решенија со цел да се реши овој проблем.

Чулев вели дека МВР располага со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи во моментов и дека пасоши ќе добиваат оние кои имаат закажано по итна постапка, како и на лица кои им е потребно за лекување во странство.

Министерот Чулев рече дека досега во МВР пристигнале околу 16.000 апликации за добивање патни исправи по редовна постапка, кои нема да може да бидат спроведени додека не дојдат новите обрасци, кои се очекува да пристигнат следниот месец.

Тој рече дека овој проблем треба да биде решен од страна на Владата, за што и Спасовски интервенирал во Германија, но се уште нема решение.

Во март се очекува да пристигнат околу 100.000 пасоши, но министерот рече дека не знае дали тие ќе бидат со старото име, а и дека може да бидат и со новото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот