Чулев не ја потврдува количината на запленетата дрога во Сарај
По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога.
Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности, напиша на Фејсбук, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога.
-Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата- пишува Чулев.
Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден, пишува Чулев.
Засега е нејасно, за колкава количина станува збор, бидејќи медиумите шпекулираат со количината, некои од нив пренесоа дека се запленети 1,3 тони кокаин, други пак, дека станува збор само за килограм кокаин.
ВО ТЕК ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО САРАЈ: Полицијата заплени 1,3 тони кокаин