Чулев: На границите за влез и излез од земјава нема веќе патници, само хуманитарни конвои што ги организира државата

Бројката на регистрирани патници на влез и излез се сведува само на хуманитарните конвои што ги организира државата, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

На границите за влез и излез од земјава патници веќе нема, целото движење е ограничено и регулирано, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостување на емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој додаде дека по донесување на одлуката на Владата за излез само со потпишување изјава дека во наредните 90 дена нема да се вратат и ограничување на движењето по излез, како и затворени аеродроми, бројката на регистрирани патници на влез и излез се сведува само на хуманитарните конвои што ги организира државата.

-Од 07.00 часот на 23 март до 07.00 часот на 24 март вкупен број патници кои влегле и излегле од земјава се 3032, од кои на влез се 1554 и излез 1478. Само шест случаи се кои излегле од државатаи потпишале изјава дека нема да се вратат 90 дена во земјава. Деведесет и девет отсто од случаит се работи за возачи на камиони, македонски или странски државјани, рече Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот