Чулев: МВР ќе обелодени истраги против носители на јавни функции кои го злоупотребиле системот

Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе објави случаи на организиран криминал и корупција во кои се инволвирани и сегашни функционери за кои Министерството веќе има отворено истраги, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.

Тој тврди дека се работи за неселективна борба против корупцијата која не била во прв план поради состојбата со пандемијата.

-Во наредниот период ќе излеземе и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно, бидејќи пред се бевме сконцентрирани на здравјето на граѓаните. Но сега бидејќи политичките субјекти ќе договорат некои парламентарни избори што ќе бидат во текот на летниот период, веќе ние како МВР ќе бидеме повеќе насочени кон неселективна борба против организираниот криминал и корупција- рече  Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21 што ќе се емитува вечерва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот