Чулев- Галовеј: Во МВР е потребно продолжување на реформските процеси

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска  оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија и Северна Ирска,  Рејчел Галовеј.

Во фокус на работниот состанок беа вонредните парламентарни избори кои се спроведоа  во државата , како и активностите кои треба да се преземат по нивното завршување.

На средбата Министерот Чулев изрази голема благодарност до амбасадорката Галовеј  за исклучителната соработка за време на неговиот мандат  во извршување на  функцијата-  министер за внатрешни работи.

Двете страни заеднички се согласија дека во иднина во министерството за внатрешни работи е потребно продолжување на реформските процеси, како важен сегмент во евроинтегративниот процес на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот