Чулев: Евидентиран 151 настан, приведени 8 лица (ВИДЕО)

Министерот  за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција информираше за евидентирани прекршоци во изборниот процес.

-Извонредно високо ниво на одговорност и демократска култура во текот не само денешниот ден туку и претходните два дена од овој изборен процес. Овие избори се одржаа во едни специфични услови од Ковид-19, па маскимално се почитуваа и безбедносните мерки.

Сакам да изразам благодарност и до моите колеги за максимално квалитетно постапување и почитување на законитоста и за заштита на здравјето на граѓаните. Да се заблагодарам на дипломатските претставници кои мониторираа. Околу изборниот процес, дозволете да информирам дека до 20 часот во текот на денешниот ден беа евидентирани 151 настан од кои 31 не се потврдени најави, додека пак констатирани се 9 прекршоци и тоа 3 по чл 16 лажно пријавување настан, три прекршоци од изборен законик и еден од чл. 4 и чл. 14. Заради расчистување настани приведени се 8 лица од кои 4 за фотографирање гласачко ливче, 3 за сторени прекршоци и едно лице со две гласачки ливчиња. Опервирано по сектори, најмногу се во Струмица 38 настани, 31 Скопје и Штип, Битола 23 настани, Куманово 14, Тетово, 6, Велес 5 и 3 во Охрид.

Генерална констатација е дека овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Дозволете да го истакнам моето задоволство што МВР во исклучително тешки околности успеа да го даде својот максимум, рече Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот