Чулев: Бескомпромисна борба против изборни нерегуларности

Чулев истакна дека е потребно полициските службеници да постапуваат максимално професионално и неселективно во секој случај каде постојат елементи на кривични дела против изборите и гласањето.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска ги посети единиците за внатрешни работи Ѓорче Петров и Чаир, при што оствари работни состаноци со раководствата на двете одделенија за внатрешни работи, упатувајќи апел двете полициските одделенија сериозно и професионално да пристапат кон организација на претстојните предвремени парламентарни избори.

– Евентуални изборни нерегуларности ќе бидат директен удар кон угледот, пред се, на полицијата, а потоа и на државата – потенцира Чулев, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Чулев истакна дека е потребно полициските службеници да постапуваат максимално професионално и неселективно во секој случај каде постојат елементи на кривични дела против изборите и гласањето, без разлика на политичката припадност на оние кои ќе го прекршат законот, имајќи предвид дека овие избори се од големо значење за европската перспектива на земјата.

– Бескомпромисната борба против сите видови на изборни нерегуларности ќе ја потврди одлучноста на нашата земја да ги исполни сите стандарди кои се потребни за почнување на преговорите за влез во ЕУ – вели министерот Чулев.

На средбите е констатирано дека безбедносната состојба на двете подрачја е добра и во изминатиот период не се евидентирани потешки кривични дела, освен случајот во Ѓорче Петров каде беше фрлена експлозивна направа на трговски објекти, кој е сопственост на родителите на носител на листа од една политичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот