Чудотворна билка што неправедно ја занемаруваме, а лекува многу заболувања

profimedia

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места. Сè што треба да направите е да земете неколку млади листови и ситно да ги исечкате. Доколку не сакате да јадете само салата од млади листови на ова растение, слободно можете да ги комбинирате со зелка, свежо цвекло, морков, марула.

Секојдневно температурите се во пораст поради тоа што пролетта ни е на прагот. Токму со појавувањето на првите сончеви зраци и со затоплувањето на времето, растат и глуварчињата, растение што е многу распространето на овие наши простори.

Имено, глуварчето спаѓа во родот на билки од семејството Asteraceae.  Латинското име на глуварчето е Taraxacum officinale, што во превод значи „дива салата“, бидејќи неговите листови одамна се ценети во исхраната.

Ова растение кое кај нас расте и се размножува на сите зелени површини и не бара посебни услови за растење, a во исхраната на луѓето се користело од многу одамна. Нашите предци го јаделе како дел од свежите салати, а за во зима од него подготвувале т.н. мед од глуварче, кој го консумирале секогаш кога ќе се разболеле. Ова исклучително лековито растение сепак најмногу се користело за чај.

Во последно време ретко кој од нас го употребува, а луѓето сè помалку знаат за неговите лековити својства.

profimedia

Изобилува со витамини и минерали

Глуварчето во својот состав изобилува со големи количества витамини и минерали, кои доколку редовно ги внесуваме во исхраната, можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот и подобрување на работата на виталните органи.

Инаку, глуварчето содржи високи концентрации на витамини какви што се витамините А, Б, како и витаминот Ц, кој е исклучително важен за зајакнување на имунитетот и за одржувањето на здравјето, особено кај пушачите. Во составот на ова растение се концентрирани и голем број минерали, особено со калиум, натриум и магнезиум како и органски киселини.

Подготвувајте салата секој ден

Доколку сакате да се уверите во многубројните лековити својства што ги има во ова растение, обидете се оваа пролет, секогаш кога сте во можност, да отидете до најблиската ливада и да си наберете свежи листови од глуварче. Сепак, не заборавајте да ги соберете и неговите жолти цветови како и неговиот корен, кој исто така во својот состав изобилува со голем број витамини и минерали, кои ќе направат да се чувствувате подобро, а притоа ќе помогнат и во исфрлањето на наталожените токсини од организмот.

Кога станува збор за собирањето на ова растение, најважно од сè е да обрнете внимание на тоа од какво место го собирате. Важно е глуварчето да биде набрано од чисто место каде што нема загаден воздух и каде што не било контаминирано на кој било друг начин.

Кога ќе најдете такво место и кога ќе соберете доволна количина листови, направете си салата.

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места. Сè што треба да направите е да земете неколку млади листови и ситно да ги исечкате. Доколку не сакате да јадете само салата од млади листови на ова растение, слободно можете да ги комбинирате со зелка, свежо цвекло, морков, марула.

Исечкајте и зачинете, а потоа уживајте во консумирањето на оваа необична салата.

Мед од глуварче

Колку и да ви звучи необично, во домашни услови може за многу кратко време да се подготви мед од глуварче. За негова подготовка потребни се само жолтите цветови и тоа набрани пред да процветаат.

Доколку сакате да го направите, потребно е 10 килограми цветови од глуварче да ги потопите во 5 литри вода и врз нив да истурите околу 2 килограма шеќер.

Вака подготвените цветови од глуварчиња, треба да ги оставите во тенџерето да отстојат најмалку 24 часа.

Откако ќе помине потребното време, ставете ги на оган и варете ги околу два часа. Кога цветовите целосно ќе омекнат, тргнете ги од оган и процедете ги низ газа. Добиената течност повторно вратете ја да се вари уште еден час. Течноста што на крај ќе остане во садот, треба да биде густа како мед. Неа соберете ја во чисти и стерилизирани тегли.

Вака подготвениот мед, можете да го користите една година. За да го консумирате, препорачаната доза е една супена лажица на ден за возрасни и една мала лажичка за деца.

Медот од глуварче се користи за лекување настинки и грип, за чистење на крвните садови како и за отстранување на токсините во црниот дроб. Единствено околу консумирањето на медот од глуварче треба да бидат внимателни луѓето што имаат направено операција на жолчката.

Чај од глуварче

Чајот од глуварче е најретко користениот чај на овие простори иако претставува вистински бенефит по нашето здравје. Имено, чајот од глуварче има диуретични својства. Тој ефикасно ги отстранува вишокот сол и течности, заедно со урината.

profimedia

За да го подготвите, во 100 милилитри зовриена вода додајте околу 10 до 15 грама суви листови глуварче. Кога чајот ќе добие зеленкасто-жолта боја, испијте го во комбинација со една лажица мед и малку прополис.

Доколку секоја вечер пред да заспиете, пиете по една чаша вака подготвен чај, вашиот организам комплетно ќе се регенерира, а вие целосно ќе ги исчистите црниот дроб и слезинката, а со тоа ќе ги исчистите и наталожените токсини во телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот