Чудотворен лек: Со црна ротквичка и мед изборете се со сувата кашлица

Црната ротквичка е исклучително здраво растение, кое треба редовно да се внесува во исхраната. Овој корен е исклучително тешко да се најде на нашите зелени пазари, па токму поради тоа, најверојатно и многу малку се консумира на овие простори.

Покрај фактот што е тешко достапна, малкумина знаат и дека оваа ротквичка воопшто ја има. Наместо тоа, на трпезите најчесто ја користат црвената, а белата и црната речиси и воопшто да не ги јадат.

Помага во зголемување на апетитот

Црната ротквичка е лековито растение. Таа освен како дел од салатите, многу често се користи и како средство што го поттикнува апетитот.

Доколку имате проблем со апетитот, заедно со главното јадење, редовно јадете рендана црна ротквичка во комбинација со кисело јаболко.

Доколку сакате дополнително да ѝ го збогатите вкусот, можете во салатата да додадете и сечкани маслинки, а сето тоа убаво да го зачините со маслиново масло или да го јадете во комбинација со кисело млеко.

Го олеснува дишењето

Црната ротквичка иако кај нас нема долга историја на користење, насекаде во светот се користи како природен лек против суво кашлање и како природен начин на лекување одредени полесни респираторни заболувања.

Доколку сакате да направите лек со кој постојат огромни шанси да го излекувате сувото кашлање, треба да подготвите црна ротквичка со мед.

Откако убаво ќе ја измиете ротквичката, пресечете ја на половина, а во средишниот дел на едната половина од плодот, направете вдлабнатина. Вдлабнатината наполнете ја со мед. Откако ќе ја направите оваа постапка, затворете ја со неиздлабениот дел од плодот и оставете го медот да отстои околу 12 часа.

Ваков лековит сируп треба да го земате од 4 до 5 пати во текот на денот.

Доколку правилно сте го подготвиле и редовно го пиете, со него ќе си го олесните дишењето, но и ќе ја излекувате кашлицата.