ЧУДО:Америнаските новинари го бранат Ѓоковиќ од навивачите

twitter.com/usnewzcom

Новак Ѓоковиќ не е миленик на публиката во Њујорк, и навивачите тоа го покажаа во четвртото коло на УС Опен. Ѓоковиќ поради повреда на рамото му го предаде мечот на Станислас Вавринка, но тој потег навивачите на централниот терен го испратија со негодување и свирежи кон првиот светски рекет.

Изненадувачки, во одбрана на Ѓоковиќ застанаа американските новинари, додека угледниот „Вашингтон пост“ објави колумна во која го критикува однесувањето на навивачите и недостигот на респект кон српскиот тенисер.

„Новак Ѓоковиќ мора да е најпотценетиот голем спортист на планетата, а Земјата би требала да биде подобра. Земјата знае да биде толку погрешна во проценки, можеби повеќе и од останатите планети. Ѓоковиќ во Њујорк не е омилениот тенисер кај навивачите, тоа сите го знаеме, но не можеме да разбереме што толку и згрешил на публиката. Ѓоковиќ на загревањето имаше човек кој му дофрлуваше, а такви луѓе имаше дури и на натпреварите. Имаше и моменти кога тој ќе направеше двојна сервис грешка, навивачите да бидат во делириум.

Не се сомневаме дека и Федерер има провокатори кои му дофрлуваат, но никој не може да се сети на нив бидејќи тие веднаш би биле однесени во затвор. Ѓоковиќ против Кудла имаше водство од 2:0 во сетови и предност во третиот но кога направи сервис грешка за 30:30 публиката беше во делириум. Тоа звучеше нормално бидејќи му дава поддршка на домашниот тенисер. Но, таква реакција нема никогаш да има доколку Федерер сервира и погреши против американски тенисер.

Федерер е омилениот тенисер на планетата. Сите ние сме свесни дека Федерер и Рафаел Надал се омилените тенисери, но можеби не се најдобрите и тоа мора да се прифати. Има уште еден кој е подеднакво добар како и нив“, стои во дел од коментарот на „Вашингтон пост“ во кој бара да се почитуваат резултатите и успесите на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ доби поддршка и од најголемите тенисери на денешницата и во минатото, пораки со поддршка дојдоа од Мартина Навратилова, Џон Мекинро, Рафаел Надал, Вавринка, но и Енди Родик.

Исто така се повеќе новинари јавно искажуваат поддршка за Ѓоковиќ и неговдување за невкусните реакциите на публиката.

„16-кратниот освојувач на грен слем титула, можеби и најдобар тенисер на сите времиња, ова не го заслужи“ напиша новинарот на ЕСПН, Хауард Брајант.

„Публиката на УС Опен треба да се срами поради повиците кон Ѓоковиќ. Тој очигледно не се чувствуваше добро, и без разлика на тоа, играше солидно додека „не го фрли белиот пешкир“, порача Стефани Сторм од Њујорк тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот