Кејн го победи Јувентус од пола терен! (ВИДЕО)

twitter.com/News2019Thfc

Претходно објавивме дека на истиот турнир, но во САД Реал загуби од Баерн, а Арсенал ја оправда фаворитската улога против Фиорентина.

И за двете екипи Тотенхем и Јувентус ова беше прв во рамките од летните подготовки за наредната сезона на пријателскиот турнир. Фудбалерите на Покетино поведоа во 30 минута благодарение на погодокот на Ерик Ламела.

Во второто полувреме во фокусот беа играчите од клупата, Маурицио Сари направи четири замени, а Маурицио Покетино на пет фудбалери им даде шанса за настап.

Израмнувањето на 1:1 се случи во 56 минута преку Игуаин, а само четири минути подоцна Роналдо се погрижи за пресврт.

Тотенхем израмни во 65 минута кога прецизен беше Лукас, а конечните 3:2 ги постави англискиот репрезентативец Хари Кејн во третата минута од судиското надополнување со феноменален погодок од пола терен.

После овој триумф премиерлигашкиот клуб е на третото, а италијанскиот шампион на деветтото место на табелата. На врвот моментно е Арсенал кој има максимални шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот