ЧУДО ВО КАНАДА: Жена паднала од 1.500 метри и преживеала

Една Канаѓанка чудесно го преживеа падот од надморска височина од 1.500 метри, откако не и се отворил ниту главниот, ниту резервниот падобран.

Сведоците велат дека ја виделе жената како паѓа и неверојатно е тоа што таа да останала жива.

Таа паднале во густата крошна од дрво, што го ублажило нејзиниот пад, и претрпела неколку скршеници на коските, меѓу кои и еден пршлен.

Жената била примена во болница со повеќе скршеници, но лекарите рекле дека не е во животна опасност.

Полицијата во Квебек, Канада истражува дали имало некои недостатоци кои довеле до неотворање ниту на главниот, ниту на резервниот падобран.

Идентитетот на жената што ја преживеа несреќата не е откриен, но се знае дека таа е 30-годишна жена, која е искусна во падробранството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот