ЧУДО ОД ВЕНЧАНИЦА: Фустанот за анонимна клиентка од Абу Даби содржи 200.000 „Сваровски“ кристали (ВИДЕО)

Венчаницата е креирана за многу посебна клиентка од Абу Даби, за која биле потребни 1.000 часови работа на неа. Секојдневно на неа работеле тим од 15 луѓе.

Мајкл Чинко е моден дизајнер од Филипините, а неговите клиентки се познати дами како што се Бијонсе, Ријана, Лејди Гага, Кајли Миног, Бритни Спирс, Кристина Агилера и многу други…

Иако веќе знаеме колку импозантно креира фустани за славните дами, последното видео кое го објави на својот профил на Инстаграм, покажува нешто несекојдневно.

Мајкл сега креираше венчаница која ќе ја носат седум луѓе на младата невеста. Во описот на видеото пишувало вака:

– Потребно е помало село за да ја однесеме венчаницава долга три метри.

Венчаницата е креирана за многу посебна клиентка од Абу Даби, за која биле потребни 1.000 часови работа на неа. Секојдневно на неа работеле тим од 15 луѓе.

Иако цената за фустанот остана тајна, дизајнерот открил дека во неа биле сошиени преку 200.000 Сваровски кристали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот