ЧУДО ОД ГОЛМАН: Касиљас на терен два месеци по инфарктот!

twitter.com/infofcporto

Откако само пред два месеци претрпе срцев удар, еден од најдобрите голмани Касиљас им се врати на клупските обврски.

Касиљас, кој зад себе има одиграни 725 натпревари за Реал Мадрид, добил миокарден инфаркт за време на тренинг-сесијата на „змејовите” на 1 мај и оттогаш не играл.

Се шпекулираше дека Шпанецот ќе стави крај на неговата кариера, но и покрај неговите 38 години ќе се обиде да направи „кам-бек“ на фудбалските натпревари.

Своето враќање на теренот го најави со слика на „Твитер” која беше придружена со зборовите: „Назад на работа. Прв ден”.

Да додадеме уште дека Касиљас е светски и воедно двократен европски шампион со „фуријата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот