ЧУДО ОД АВТОПАТ! ОД ХАМБУРГ ДО ШАНГАЈ ЗА 4 ДЕНА: Русија даде зелено светло за старт на изградба на 2.000 км пат

Почеток на изградбата на новиот автопат долг 2.000 километри кој преку Русија ќе ја поврзува Европа со Кина и официјално доби „зелено светло“.

Автопатот „Меридијан“ ќе оди на запад од границата меѓу Кина и Казахстан и ќе претставува најкраткиот пат за превоз на роба меѓу Европа и Кина, а целата должина на патот ќе изнесува околу 8.000 километри.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја одобри првата фаза од проектот, кој ќе го финансираат приватни инвеститори и државата.

Се проценува дека во изградбата на автопатот ќе бидат вложени околу 9,4 милијарди долари.

Руската агенција РИА пренесува дека купени се 80 проценти од потребното земјиште каде треба да помине автопатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот