Чудо на австриските Алпи: Скијач пет часа издржал под лавина, го спасил гпс-локаторот

Алпинисти / Фото: EPA-EFE/BERGRETTUNG GROEBMING

Откако го потрупала лавина, 26-годишен Австриец поминал повеќе од пет часа под огромни количини на снег пред да биде спасен, објавија денес австриските спасувачки служби, пренесува хрватски „Индекс“.

Жртвите на лавина обично не преживуваат повеќе од 15 минути под снегот, а случајот на спасениот 26-годишникот е прв таков на Алпите во последните дваесет години, рече Стефан Шрок, официјално лице на спасувачката служба .

Службите прогласиле узбуна вчеравечер, поради тоа што 26-годишниот скијач не се врати од необележаната стаза во близина на врвот Плешнитцинкен. Спасувачите успеале да го пронајдат пред едно метро снег, бидејќи имал гпс-предавател кој на неколку минути ја испраќал неговата локација.

Мажот бил свесен, но во тешка здравствена состојба. Успеал да преживее бидејќи околу неговата глава формирал воздушен џеб кој му овозможил да дише, иако лежел под големата маса на снег не можел да се движи.

– Имаше многу, многу среќа – констатираше Шрок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот