Чудно обраќање на Колинда: Упати поздрав до загинатите бранители, а Лукица Модриќ ѝ е како син (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Иако во последните пет години хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ имала говори со многу гафови, тешко дека некој од нив може да го надмине вчерашниот нејзин говор во Осиек, пишува хрватскиот портал „Индекс“.

Оттаму пишуваат дека Колинда на предизборниот митинг во Осиек веројатно го имала  „својот најбизарен настап“, и по тој повод ги издвоија нејзините пет највпечатливи изјави.

1.„Веќе имам договори со некои држави Хрватите преку интернет да работат за 8000 евра“

Како што пишува „Индекс“, Колинда тврдела дека ќе „отвори нови работни места“, иако некои тврдат дека тоа е невозможно.

– Тврдам дека тоа е возможно, бидејќи имам договори со некои држави, за Хрвати да одат на обука некаде на друго место и да се вратат во Хрватска, да работат преку интернет во некоја друга држава, а во Хрватска да заработуваат осум илјади евра. Замислете што значи тоа за нашите млади – рекла Колинда.

2. „Лукица Модриќ ми е како син“

Грабар-Китаровиќ на митингот во Осиек зборувала и за средбата со навивачката група Кохорта, како и за нејзината блискост со фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ.

– Некој од навивачите, од Кохорта, довикна нешто кон мене, нема да повторувам што, и јас дојдов пред нив и реков: „Еве, тука сум. Кажете ми ги вашите забелешки, сите свои критики. Да не се расправаме. Бидејќи јас ги сакам и Осиек и Загреб и Задар и Риека и Сплит и Гробник. И особено нашиот Вуковар“. Луѓе! Да се обединиме во љубовта за нашата татковина кои ни ја дадоа селекторот Далиќ и нашите фудбалери минатата година. Лука Модриќ е како мој син! Мојот Лукица! Но да знаете колку таквите како Лука живеат ширум Хрватска. Колку такви Лукици секојдневно среќавам и сакам да им помогнам – изјавила Колинда.

3. „Хрватските луѓе во Хрватска и татковината“

Држејќи ја својата програма во раката, таа се обратила пред насобраните луѓе.

– Ова никако не може да се потценува бидејќи ова не сум јас, јас не сум мојата програма, туку тоа сте вие, хрватските луѓе и во Хрватска и во татковината – рекла Грабар-Китаровиќ.

4. „Јаков не е тука бидејќи некој мора да се грижи за семејството“ – сопругот Јаков во тоа време бил на натрепвар

Од митигот во Осиек, Колинда Грабар-Китаровиќ испрати и една семејна порака и ги пренесе поздравите од сопругот Јаков, кој, според нејзините зборови, е дома и се грижи за семејството. Сепак, камерите го снимиле како тој е на натпревар во местото Сисак.

– Пред да продолжам со поздравите, би сакала да истакнам две работи кои мене лично ми се многу важни. Првенствено Јаков, ги пренесувам неговите поздрави. Тој вечерва, за жал, не можеше да биде со вас бидејќи нашата ќерка допатува од студиите во Америка, па знаете, некој мора да се грижи за семејството кога мене ме нема, но тој срдечно ве поздравува – рече Колинда.

Меѓутоа, агенцијата „Pixsell“ објави фотографии од хокеарски натпревар меѓу Хрватска и Србија во местото Сисак, на кои може да се забележи присуството на Јаков Китаровиќ. Натпреварот од вториот круг за олимписките претквалификации во Сисак започнал во недела во 17 часот, два часа пред Грабар-Китаровиќ да го оправда отсуството на нејзиниот сопруг во Осиек.

5. Поздрави мртви луѓе

Пред крајот на говорот во Осиек, Колинда упати уште еден поздрав.

– Особено ве поздравувам вас, драги бранители, каде и да сте, дали овде или во вашето вечно почивалиште. А посебно им се поклонувам на сите бранитеи кои денес живеат, се борат со посттрауматски стрес или било што, верувајте, мене во овој политички живот ме прогонуваат многу работи, а можам да замислам како ви е на вас – рече меѓу другото Колинда Грабар-Китаровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот