Чудни макети во Кина: Среде пустината Такламакан вежбаат гаѓање носачи на авиони

Макетата споредена со дијаграм на носач од класата „Форд“/Сателитска снимка

Сателитски снимки од пустината Такламакан во кинеската западна провинција Сјинѓијанг откриваат големи макети во форма на носачи на авиони и други борбени бродови, што укажува дека се цели за гаѓање со артилериски гранати или со проектили.

Изградбата на макетите, забележани на сателитски снимки на системот „Максар“, се поклопуваат со иницијативата на кинеските оружени сили да ги засилат своите капацитети за уништување непријателски борбени бродови, вклучувајќи и носачи на авиони со нивната придружба.

На снимка се гледаат макети што целосно прилегаат на американски носач на авион и два разурнувачи од класата „Ерли бурк“. Токму таа локација во пустината Такламакан била користена за тестирање балистички проектили. Министерството за одбрана во Пекинг одбила да го извештајот.

Во годишниот извештај за капацитетите на Народоослободителната армија на Кина, Пентагон пред една недела објави дека кинеските Ракетни сили во јули минатата година првпат тестирала балистички проектил истрелан кон цели на море. Вкупно 6 проектили „донгфенг 21“ биле истрелани од брод во Јужно Кинески Море во територија што за своја ја сметаат и Кина и Тајван и уште четири земји од Југоисточна Азија.

Видео на денот