ЧУДНА ШУМА: Прво бесплатно електронско списание за деца

Малата независна издавачка куќа „Чудна шума“, со која раководат писателката Билјана С. Црвенковска и фотографот и креативен директор Кире Галевски, неодамна почна со издавање на првото бесплатно електронско списание за деца „Чудна шума“ (www.cudnasuma.com). Списанието засега функционира комплетно ентузијастички, без никаква финансиска поддршка, а секојдневно се пласираат книжевни, забавни и едукативни содржини за децата.

Секој ден за списанието пишуваат некои од најдобрите имиња на македонската книжевна сцена, од помладата, но и од постарата генерација. Се објавуваат песни, раскази и гатанки на Ванчо Полазаревски, Петар Андоновски, Владимир Лукаш, Ана Голејшка Џикова, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Лидија Димковска, Славе Ѓорго Димоски, Мерсиха Исмајлоска, Живко Гроздановски, Владимир Мартиновски, Румена Бужаровска, Александра Симова, Мира Смаќоска Танеска.

Кон списанието се приклучија и одлични илустратори, како Наталија Лукомска, Катерина Николовска, Ване Костуранов, Наташа Костовска, Сања Симоска, Доротеј Нешовски, Љубиша Камењаров, Ирина Атанаскова – Ина, Емилија Мишева, Јана Јакимовска, но и стручни соработници за едукативните содржини во областа на природните науки, како Кирил Арсовски Пржо. Во „Чудна шума“ планираат и проширување со соработници во други области.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 25, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот