ЧУДНА ПОЛИЦИСКА ПОТРАГА: Бараме жена која доаѓа на свадби И ГИ КРАДЕ ПОДАРОЦИТЕ!

Принтскрин

Полицијата во Тексас води една необична и чудна потерница, по една жена која доаѓа на свадби и ги краде подароците.

Досега е забаележана на најмалку шест свадби, каде доаѓа како гостин. Најчесто се движи во ист реон, во Спринг Бренч, но има пријави и од Комал и Бланк од областа Кендал.

Понекогаш се претопува со гостите, а некогаш со персоналот, а не се задржува повеќе од неколку минути.

Последно е снимена на една свадба со безбедносните камери, каде се гледа како ги зема парите и ваучерите кои гостите им ги носат на младенците, додека пак другите подароци не ја интересираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот