ЧУДНА ОДЛУКА НА ЕХФ: Ракометниот Ф4 во Келн ќе се игра пред Нова година

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Европската ракометна федерација донесе една од најчудните одлуки за време на кризата со коронавирусот, завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите ќе се одигра пред Нова година, поточно на 28. и 29. декември во „Ланскес“ Арената во Келн.

Нашиот став беше поддржан од клупските претставници на последниот состанок за координација, сите сакавме да се одржи Ф4 турнирот во 2020 година – изјави Михаел Видерер, претседателот на ЕХФ.

Првичниот термин за одигрување на фајналфор турнирот беше 30. и 31. мај, но поради пандемијата на коронавирусот е презакажан за 22. и 23 август.

Овој датум е проблематичен за ЕХФ бидејќи германската влада најави дека пред септември нема да дозволи јавни собири.

Бидејќи желбата на ЕХФ е натпреварите да се играат со присуство на навивачи, затоа донесоа неверојатна одлука, сезоната во ЛШ да заврши кон крајот на годината кога домашните првенства веќе ќе се на половина од новата сезона.
Бранител на трофејот е македонскиот шампион кого во осминафиналето го очекува пресметка со унгарскиот Пик Сегед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот