Чудна атмосфера во еден од најубавите европски стадиони! (ВИДЕО)

фото: твитер

На стадионот „Луж“ до прекинот во португалскиот шампионат просекот на посети беше околу 52.500 луѓе..

Во најголемиот дел од европските фудбалски првенства кои ја продолжија сезоната после паузата поради пандемијата на коронавирус, натпреварите се играат пред празни трибини.

Има навивачи кои громогласно, непрекинато од почетокот до крајот на мечот ја даваат поддршката во текот на домашните натпревари. Едни од нив се и верните фанови на Бенфика. На стадионот „Луж“ до прекинот во португалскиот шампионат просекот на посети беше околу 52.500 луѓе, додека во сезоната 2018/2019 истиот беше и зголемен.

Во текот на вчерашниот ден Бенфика не го искористи поразот на Порто да се одлепи со поголема разлика на врвот на табелата откако одигра само 0:0. Па, и натаму ќе се води голема битка за титулата, моментно во генералниот пласман првото место го делат Бенфика и Порто со по 60 бодови.

На празните седишта беа поставени навивачки шалови, а воедно на стадионот „Луж“ пуштени навивачки звуци и во моментите кога Бенфика напаѓаше уште повеќе се слушаа и така почувствуваат фудбалерите дека не се сами и дека фановите се тука со нив.

Но, после натпреварот се случи лошата слика на фудбалот. Домашните навивачи не беа задоволни од ремито и хулиганите кои беа на улиците на Лисабон го каменуваа автобусот на Бенфика после напуштањето на стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот