Чуден потег на грен слем шампионката, Радукану го отпушти тренерот само две недели по триумфот на УС Опен

Радукану стана првата тенисерка која преку квалификациите дојде до титулата на УС Опен/Њујорк, САД/септември 2021/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Британската тенисерка Ема Радукану направи невообичаен потег само две недели откако победи на УС Опен, ја прекина соработката со тренерот Ендрју Ричардсон.

Младата тенисерка на последниот годинешен грен слем турнир го оствари најголемиот успех во кариерата кога преку квалификациите дојде до титулата.

Сепак, две недели подоцна, Радукану објави дека ја прекина соработката со Ендрју Ричардсон и дека е во потрага по нов тренер.

– Тешко е да се водат такви разговори, но потребен ми е тренер со поголемо искуство, некој кој го поминал сево ова и кој работел со тенисерки кои биле во ситуација во која сум сега – изјави Радукану.
– Чувствувам дека ми е потребен некој кој ќе ме насочи бидејќи сево ова е ново за мене.

Радукану со Ричардсон почна да работи во јули годинава по завршување на настапот во Вимблдон и на првиот голем турнир веднаш ја освоија титулата.

– Тогаш бев на 200. позиција на ВТА ранг листата. Во тоа време мислев дека Ендрју ќе биде одличен тренер, не ни сонував дека ќе го освојам УС Опен и дека ќе бидат 22. тенисерка на светот. Во оваа фаза од кариерата ми е потребен некој кој има искуство, некој кој знае како е да се биде на ова ниво и што е потребно за да се остане тука – додава Радукану.

Според дел од британските медиуми, Радукану може да го ангажира Дарен Кејхил кој неодамна ја прекина соработката со Симона Халеп.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот