Чуден округол камен се појавил на плажа по ураганот Доријан: Кога сфатиле што нашле не можеле да веруваат (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Оставувајќи зад себе во главно пустош и огромна штета, ураганот Доријан успеал и на некому да му донесе позитивно изненадување.

Во налет на овој опасен ураган и поплавите кои го донесе со себе, страдале веќе 44 лица, а многу семејства останале не само без кров на глава, туку и без се што имале во животот некогаш.

Сепак, постојат и такви кои знаат дека после големо невреме можат да најдат одредени вредни предмети, па веднаш по прекинувањето на опасноста тргнуваат по „лов на богатство“ по плажите.

Меѓу нив се и Арон Латин и неговата девојка кои на плажа тргнале без детектор за метал или која било друга опрема за барање на богатство.

Имале среќа и наишле на некој „чуден округол камен“, не ни мислејќи дека вусшност нашле ѓуле од топ од времето на Граѓанската војна.

– Најпрво мислевме дека станува збор за округол камен, но колку повеќе го гледавме, толку појјасно стануваше дека може да станува збор за нешто многу повеќе – рече Арон.

Нашле две ѓулиња во песок покрај многу гранки и стебла кои ги откорнал ураганот.

Иако многумина на оваа плажа во Јужна Каролина пристигнале опремени за барање на вредни артефакти кои ураганот би можелда ги донесе на копно, Арон истакнува дека тој и неговата девојка имале среќа и пронашле важни историски предмети.

Инаку, речиси на истото место на оваа плажа, најдени се уште неколку вакви ѓулиња од истиот период по разорниот ураган Метју во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот