Чуден ден за Мицкоски, тој е и горд и разочаран: Подалечни сме од Бугарија од било кога во историјата

Христијан Мицкоски/Фото: Слободен печат/Кристина Ивановска

Чуден ден денеска. Две чувства се развиваат кај мене. Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол бурна животна приказна. Ние сме горди што имаме еден таков човек да ги славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец без разлика каде се наоѓа дали е денеска овде во Македонија или насекаде во светот, се обрати денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако оддаде почит пред гробот на Гоце Делчев.

Тој додаде дека второто чувство му е  на разочараност.

– Чувство кое кај мене се создаде денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја. Пред 68 месеци ветуваа живот, пред 68 месеци ветуваа дека Македонија ќе ја однесат во Европа. Денеска ние сме, според нивото на корупција, како држава рамо до рамо со Тунис, Сутинам, Индија а, во сите останати параметри сме последни на Балканот. И за жал, никогаш подалечни со нашите соседи од тоа што сме денеска, нагласи Мицкоски.

Тој се осврна на силните полициски мерки за обезедување на настанот и изрази жалење поради тоа.

-Денеска имате вие, безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваат како во воените времиња. Навистина жалам што сум сведок на сето ова и навистина жалам што ќе останат уште ден повеќе онаму каде што се, оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ.

https://www.slobodenpecat.mk/fotovideo-mickoski-so-sopartijcite-pristignaa-vo-crkvata-sv-spas/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот