Чудакот Канте не сакаше да слушне за автомобил – Слободен печат
СпортФудбал

Чудакот Канте не сакаше да слушне за автомобил

Се сеќавам кога дојде во Лестер, не сакаше да земе автомобил бидејќи тој трчаше секој ден до тренинг центарот, вели Варди.

Одличниот фудбалер на Челси, Нголо Канте е познат како еден од најскромните фудбалери на денешницата иако заработува огромни суми на пари. Сепак, тој не сака да ги троши парите на работи кои не му се потребни.

Пред неколку години, Нголо Канте дојде во Лестер како анонимус, и уште тогаш ја покажа својата сромност, тој не сакаше да добие клупски автомобил или пак да си купи сопствен.

– Се сеќавам кога дојде во Лестер, не сакаше да земе автомобил бидејќи тој трчаше секој ден до тренинг центарот и не сакаше да ги смени своите навики. Како би го опишал Канте? Многу добар човек надвор од терените, но на теренот е потполно друга личност. Тој е вистински предатор и не важно каде се наоѓа топката ќе ви земе – изјави Џејми Варди, кој беше соиграч на Канте во Лестер.

Нголо Канте одигра само една сезона како фудбалер на Лестер и веднаш ја освои титулата, а потоа потпиша за Челси и исто така во првата сезона како играч на „сините“ дојде до шампинската титула во Премиер лигата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close