Чубраковиќ и Велинов за прва куп титула на Академија Пандев (ВИДЕО)

Фото: ФФМ

Во регуларните 90. минути беше 2:2 (1:1), па мируваа мрежите во двете продолженија, а куп шампионот го дознавме по изведувањето на пеналите.

Најпрвин поведоа „пандевци“ со фантастичниот гол на Сашко Пандев уште во 10. минута за голема радост на струмичкиот клуб.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров кои што играа своето трето финале во ова натпреварување, возвратија во сличен стил, Бразилецот Робсон да Силва со еден убав погодок од слободен удар во 21. минута донесе израмнување.

Возбудувањата продолжија во последните 10. минути од вториот дел, најпрвин Христијан Пецов убаво го пронајде Дејан Тантуровски кој со глава се погрижи за позитива на Македонија ЃП.

Не траеше многу радоста, бидејќи во следниот напад на „пандевци“ беше досуден пенал за нив после еден прекршок во казнетиот простор, а сигурен реализатор беше Љупче Дориев. Сите четири голови можете да ги погледнете на видео записот.

Во пенал серијата поуспешни беа фудбалерите на Академија Пандев триумфирајќи со 4:2, херои за „пандевци“ беа голманот Душан Чубраковиќ и стрелецот на клучниот погодок Стојанче Велинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот