Чубаис отпуштен од болница во Италија, заминал на рехабилитација на клиника во Франкфурт

Анатолиј Чубаис
Анатолиј Чубаис / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

„Таткото“ на постсоветската руска приватизација, Анатолиј Чубаис, кој поднесе оставка како специјален пратеник на Кремљ поради војната во Украина, е отпуштен од болница во Италија откако една недела се лекуваше од „ретко нарушување на имунитетот”, пишува италијански весник „Ла Република“.

Британските медиуми на 1 август пренесоа два извори блиски до 67-годишниот Чубаис, дека тој се наоѓа на интензивна нега во „болница некаде во Европа поради ретко нарушување на имунитетот“.

Според изворите, се верува дека Чубаис боледува од автоимуната болест Гилејн-Баре синдром.

Меѓутоа, некои медиуми и опозициски активисти излегоа со шпекулацијата дека тој можеби е отруен.

Резултатите од токсиколошките тестови сè уште не се достапни, но Чубаис одговорил на третманот „така што лекарите се сигурни“ дека станува збор за синдромот Гилен-Баре, објави италијанскиот весник „Ла Република“ на својата веб-страница.

„Се чувствува подобро“, објави Ла Република, додавајќи дека Чубаис вчераутро бил отпуштен од болницата „Матер Олбија“ на Сардинија.

Весникот наведува дека Чубаис бил пуштен од болница без помош и отишол за Франкфурт за да помине извесно време во клиника за рехабилитација.

Чубаис, кој некогаш беше шеф на кабинетот на поранешниот руски претседател Борис Елцин, до пред инвазијата на Русија врз Украина, на 24 февруари, беше специјален претставник на претседателот Владимир Путин за односи со меѓународните организации, по што еден месец подоцна поднесе оставка на функцијата и ја напушти земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот