Човекот што го дизајнираше Ајфонот, ги напушта Епл - Слободен печат
МагазинТехнологија

Човекот што го дизајнираше Ајфонот, ги напушта Епл

Главниот директор за дизајн, Џони Ајв заминува по повеќе од две децении во Епл за да почне своја сопствена компанија за дизајн.

Човекот кој стои зад дизајнот на Ајфон, Ајмак и Ајпад ја напушта компанијата.

Главниот директор за дизајн, Џони Ајв заминува по повеќе од две децении во Епл за да почне своја сопствена компанија за дизајн. Од Епл соопштија дека ќе бидат клиенти на неговата нова компанија.

Не е посочено во соопштение од Епл за датумот која Ајв ќе замине од компанијата. Ајв е во Епл од 1992 година како дизајнер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close