Човекот кој во еден ден заработи повеќе од 5 милијарди долари

Бернард Арно, претседателот и извршен директор на групацијата „LVMH“, кој поседува 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Диор, Луј Витон и Хенеси, заработи 5,1 милијарди долари за еден ден.

Откако минатата недела беше објавено дека продажбата на „LVMH“ се зголеми за 17 проценти, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 проценти и со тоа богатството на Арно порасна на 99 милијарди долари.

Според „Форбс“, парискиот конгломерат забележа најголем раст на продажбата во Хонг Конг, и покрај протестите што се одвиваа во автономниот кинески град.

Во последниот квартал продажбата порасна за 12 проценти, претежно во делот на козметиката.

Компанијата забележува дека ова може да се припише на неодамна отворената продавница „Сефора“ во Хонг Конг.

Арно стана третиот најбогат човек на светот во април. Пред него се наоѓа најбогатиот човек на светот, Џеф Безоз од „Амазон“, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари, како и Бил Гејтс од „Мајкрософт“ со 105 милијарди долари.

– Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да бидеме успешни. Исто така, бара поголема инвестиција. Она што најдобро го прави „LVMH“ е да создаде пожелни нови производи и да ги продаде ширум светот – изјави Арно за „Форбс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот