Човекот кој ни пресуди во Скопје веќе си оди од Интер!?

twitter.com/oefb1904

Едно од летните засилувања кои дојдоа на „Џузепе Меаца“ е и Валентино Лазаро, 23-годишниот австриски репрезентативец.

Да потсетиме, човекот кој ни направи големи проблеми на квалификацискиот натпревар за ЕП во Скопје и беше еден од главните „виновници“ со еден гол за нашиот убедлив пораз од 1:4.

Лазаро, кој во Интер дојде од Херта, оваа сезона запиша само 41 минута игра во дресот на „неро-аѕурите“ и засега не ги оправдува парите од 22 милиони евра одвоени за негов трансфер.

Како што пренесува „Тутомеркато“, Валентино Лазаро веќе во јануари би можел да го напушти Интер и се врати во Херта Берлин на позајмица.

Се веруваше дека Лазаро ќе му биде корисен на тренерот Конте, во формацијата 3-5-2, со оглед на тоа што може да ги покрие сите позиции од десната аут-линија, но Австриецот досега не ги задоволува вкусовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот