Човек загина од струја во Драчево, додека работел во куќата на пријател

Градежни работници / илустрација

Вчера претпладне било пријавено во полиција дека 49-годишен жител на скопското село Студеничани загинал од струен удар, додека работел во куќата на негов пријател во населбата Драчево, соопшти МВР.

„На 29.09.2021 околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Герника 2″, Н.А.(49) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа на негов пријател, починал од струен удар. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот