„Човек Спајдермен“: Се спуштил од зграда од 15 кат бегајќи од пожар (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Не сме ни свесни што се можеме да направиме кога животот ќе не стави во некоја незгодна ситуација.

Така, еден жител на зграда во Филаделфија во која избувнал пожар, борејќи се за својот живот, преку терасите се спуштул од зграда која имала дури 15 ката.

Пожарот избил на највисокиот кат околу десет часот навечер, па додека сите станари безбедно се евакуирале, еден од нив ја преспал опасноста.

Потоа, тој излегол на тераса и одлучил на свој начин да ја напушти зградата.

Тој се спуштал по фасадата и терасите како да е каскадер и успеал да се симне на земјата без никакви повреди!

Додека самиот се сминувал од зградата, го снимиле полициските камери од хеликоптер, кој дошол да им помогне на пожарникарите.

Сепак, не е познато зошто овој маж избрал вака ризичен начин на спасување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот