„Човек мора да живее од нешто“: Бред Пит откри што работел пред да стане познат (ФОТО)

Бред Пит (55) веќе со децении важи за еден од најпознатите светски актери и веруваме дека не постои човек на планетава кој не слушнал за него.

Меѓутоа, во минатото не било така. Холивудската ѕвезда пред да стане тоа што е денес морал да ги засука ракавите и да работи напорно.

За своите почетоци Бред раскажа во емисијата на Елен Деџенерис. Тој се потсети на времето кога работел како маскота во еден „фаст фуд“, а негова задача било да им вели на луѓето дека кај нив може добро да се најдат.

– Човек мора да живее од нешто, нема ништо срамота во тоа – искрено рекол Бред.

Во студиото владеела добра атмосфера. Бред зборувал за себе, кажал дека оди редовно во теретана и дека трча за да ја сочува својата форма.

Водителката во еден момент го потсетила дека била во врска со неговата поранешна девојка.

– Се разбираме Бред, еднаш бев во врска со твојата поранешна девојка, а Бред на тоа и возвратил дека разговорот ќе го завршат по емисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот