Човек кој на луѓето им ја враќа насмевката: Филип патува по светот и на сиромашните бесплатно им ги поправа забите!

Филип Роси е бразилски естетски стоматолог кој има 38 години и кој, покрај тоа што ја отвори хуманитарната организација „Por1sorriso“ во 2016 година, заедно со својот тим бесплатно им ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум светот.

Бразилскиот стоматолог Филип Роси смета дека својот живот треба да го посвети на нешто што е добро за целата заедница.

Неговите обиди да ја исполни целта во својот живот го однесоа и надвор од Бразил, во главно во сиромашните земји, како што се Кенија и Мозамбик, каде на луѓето им помага да добијат нова насмевка и не ги наплаќа своите услуги.

Тери Ример, една од многуте пациентки на кои и помогнал овој стоматолог, ја сподели приказната за својот живот, пред да и биде направена операција на забите.

Ример за медиумите раскажа дека не можела да си направи пристојна фотографија, бидејќи сите ја предизвикувале да се насмее, а таа не можела.

Покрај естетските проблеми, пациентката имала и проблем со исхраната, бидејќи не можела да јаде секаква храна, а нејзината состојба со забите била толку лоша, што било потребно да и се отстранат сите заби и да и се вградат нови.

Операцијата поминала сложено, поради што биле потребни неколку месеци за таа да оздрави, живеејќи секој ден со големи болки.

Ример поминала низ вистински пекол, само за да може да води нормален живот, благодарение на Филип Роси.

Младиот стоматолог досега има помогнато на многу луѓе, а се надеваме дека ќе продолжи со својата неверојатно хумана работа, бидејќи на светот дефинитивно му се потребни луѓе како него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот