Човечкиот Кен се оперира за да стане Барби

Родриго Алвеш, човекот што стана познат поради својата зависност од пластичните операции, неодамна станал жена. Сите операции што морало да ги направи за да изгледа како главниот машки лик од „Барби“ – Кен, паднаа во вода. Сега на ред се силиконите, ботоксот за усни, надградба на косата и на ноктите.

Родриго објавил нови фотографии и снимки на Инстаграм за тоа како изгледа по операцијата. Имал модри подочници од операцијата и завој обвиткан околу брадата, бидејќи го отстранил Адамовото јаболко.

Неговата цел е да личи на куклата Барби бидејќи, како што вели, неговиот ум отсекогаш бил женски. Досега тој потрошил околу 30.000 евра за да се трансформира во жена, но му следува уште една важна операција – менување на полот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот