Човечка некултура и негрижа: Околу 1,56 милијарди маски завршиле во океаните, за нивно разградување ќе треба 450 години

Фото: EPA/MADE NAGI PLEASE REFER TO THE ADVISORY NOTICE (epa05223656) FOR FULL PACKAGE TEXT

Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски завршиле во океаните ширум светот оваа година поради за време на пандемијата на ковид-19, што има или ќе има сериозни последици врз морските животни и растенија, покажа извештајот на „Океани Азија” (Oceans Asia), организација за заштита на морињата.

Документот на организацијата со седиште во Хонг Конг покажува дека морскиот свет е загаден со дополнителни 4.680 до 6.240 тони пластика поради неправилно фрлени маски. Во извештајот се наведува дека ќе бидат потребни 450 години за разградување на маските, но дури и тогаш, микропластиката ќе наштети на морскиот свет и на екосистемот.

Како што е наведено, поради пандемијата имало значително почеста употреба на пластика за еднократна употреба, како опрема за лична заштита, пакувања на хигиенски производи и набавка на храна за носење. Во исто време, мерките создадени за намалување на потрошувачката на пластика, како што се забрана за пластични кеси за еднократна употреба, се „одложени, паузирани или укинати”.

Загадувањето со пластика секоја година убива околу 100.000 морски цицачи и желки, над еден милион птици, па дури и поголем број риби, безрбетници и други животни, соопшти организацијата „Океани Азија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот