Чориќ е посилен од коронавирус, позитивен, а веќе тренира

2020. EPA-EFE/ROB PREZIOSO

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ кој пред четири дена беше позитивен на коронавирусот, веќе почна со тренинзи.

Чориќ беше дел од „Адриа тур“ турнирот во Задар, на кој покрај Хрватот, позитивни на ковид-19 беа уште и Григор Димитров кој беше прв заразен, потоа тренерот на Бугаринот, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена како и неговиот кондициски тренер.
Но, Чориќ по само четири дена со изолација, почна да тренира и тоа во својот дом.

„Поминаа неколку дена откако бев позитивен на коронавирус. Благодарен сум што и понатаму добро се чувствувам и немам никакви симптоми. Ви благодарам за пораките и поддршката која ја добив. Ќе дадам се од себе за да останам во форма“, порача 33. тенисер на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот