Чориќ брутално му одговори на Кирјос: Досадно ти е, да не си пијан?

2020. EPA-EFE/ROB PREZIOSO

Хрватскиот тенисер не му остана должен на Ник Кирјос кој вчера упати серија навреди кон него.

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос, за време на пандемијата на коронавирусот, беше активен на социјалните мрежи и се замери со поголем дел од тенисерите кои играа на егзибициските турнири.

Најчесто на удар му беше првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ поради случувањата на „Адриа тур“ кој беше во негова организација, но на „менито“ се најде и Хрватот Борна Чориќ.

Чориќ одлучи да го игнорира Кирјос изјавувајќи дека не го интересира што тој пишува, се до вчерашниот коментар на австралискиот тенисер.

Би требало да те загрижува. Имаш камења во главата или што? Можеш да ги браниш своите другари. Кога го кажав тоа што го кажав немав намера да сметам. Тие се тенисери, не се посебни, Како што и си мислев, интелектот на Чориќ е нула“, напиша Кирјос и тоа предизвика брутален одговор од хрватскиоот тенисер.

„Навистина Ник? Ти зборуваш заоднесување? Досадно ти е или премногу испи?
“, одговори Чориќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот