Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Чорба со шитаке печурки

Шитаке печурките уште пред 2000 години биле одгледувани во Источна Азија, поточно во Кина, Кореја и Јапонија, каде уште ги нарекувале и царски печурки. Во далечниот Исток владее мислење дека шитаке печурките го штитат целиот организам од болести, спречуваат органски пореметувања, ја спречуваат појавата на рак и го прочистуваат телото од штетните материи.
Овие печурки се употребуваат за подготовка на бројни рецепти и вкусни оброци, а еден од нив е нашиот предлог за денешен ручек.
Состојки:
– 150 г. исечкани шитаке печурки
– 100 г. шампињони
– 50 г. маргарин
– 2 исечкани кромиди
– 15 г. брашно
– коцка за супа
– 200 мл. вода
– 250 мл. павлака за готвење
– прстофат сол и бибер
Подготовка:
Растопете го маргаринот во големо тенџере на средна температура. Динстајте ги кромидот и печурките 10-тина минути, додека не омекнат. Постепено додавајте го брашното и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Постепено додавајте ја растворената коцка супа и повремено мешајте. Кога супата ќе згусне, додајте павлака, па потоа зачинете со сол и бибер. Сервирајте ја супата топла, со препечен леб.
Добар апетит!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
7мин
-
52мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5